Шпанската фудбалска асоцијација објави дека Ламин Јамал и Нико Вилијамс ќе бидат подготвени да се стават на располагање на репрезентацијата од првиот ден на Светското првенство.
Селекторот Луис де ла Фуенте потврди дека двајцата играчи кои се опоравуваа од повреди ќе бидат подготвени од почетокот на турнирот, односно од натпреварот против Зеленортските острови на 16 јуни. Де ла Фуенте објави дека речиси сигурно ќе биде подготвен и Виктор Муњоз.
Јамал и Вилијамс нема да играат на последниот пријателски натпревар на Шпанија против Перу вечерва.
„Штета е што не се со нас, но лекарите и кондициските тренери ни советуваа дека треба да останат во кампот во Америка. Сите тројца ќе ми бидат достапни за следниот натпревар“, рече Де ла Фуенте.
Шпанија е во група со Зеленортските острови, Саудиска Арабија и Уругвај.
Foto/ Depositphotos
