Се чини дека на натпреварот меѓу Јужна Кореја и Чешка немало 44.985 гледачи, како што претходно објави ФИФА, поради што светската фудбалска организација се огласи со објаснување.
„Официјалните податоци за посетеноста го одразуваат бројот на скенирани билети и гледачи кои биле присутни на стадионот, а не визуелни проценки за тоа колку седишта биле пополнети во кој било момент од натпреварот.
🚨 Breaking: So many empty seats were spotted during the South Korea vs Czech Republic World Cup match
Guess why? 👀😭 pic.twitter.com/iSbyMyoC82
— Kara (@UTDKarra) June 12, 2026
ФИФА тесно соработува со управите на стадионите и службите задолжени за продажба на билети за да обезбеди сите објавени бројки да се темелат на проверени оперативни податоци.
Напоменуваме дека за време на синоќешниот натпревар во Гвадалахара можеше да се забележат навивачи со билети кои стоеле во ходниците наместо да бидат на своите доделени седишта во текот на целиот натпревар“, соопшти ФИФА.
Со ова светската фудбалска организација одговори на сомнежите што се појавија на социјалните мрежи по објавувањето фотографии од трибините, на кои можеше да се забележат поголем број празни седишта и покрај официјално пријавената посетеност од 44.985 гледачи.
