Ракометарите на Фуксе Берлин први изборија пласман во финалето, во Лигата на шампионите. Во првото полуфинале на завршниот турнир во Келн, Берлин го победи бранителот на трофејот, Магдебург со 40:35 (19:17).
„Лисиците“ го контролираа натпреварот од самиот почеток, се чинеше дека и порано ќе ја обезбедат победата, особено кога во 34-та минута, стекнаа предност 23:19. Магдебург сепак успеа да се врати со брзи три гола, а потоа и да дојде до водство во 46-та минута.
И тука европскиот првак застана, потоачно на голот на Берлин се „појави“ Милосављев, кој со четири одбрани, во девет минути, му овозможи на неговиот тим да се одлепи на пет гола. Милосављев натпреварот го заврши со седум интервенции.
Најдобриот играч на денешницата Матијас Гидсел постигна девет гола од 12 шута. Тим Фрајхефер погоди осум пати (пет од линијата за седум метри), Ласе Андерсон, постигна седум гола, Нилс Лихтлајн и Ав Тејгум постигнаа по пет гола.
Кај сега веќе поранешниот европски шампион, Омар Инги Магнусон постигна девет гола, од кои седум беа од седмерци (без промашување), додека Албин Лагергрен постигна шест, а Гисли Кристијансон и Тим Хорнке по пет.
Foto/ EPA
