По феноменален финален натпревар, ракометарите на Барселона успеаја да го победат Фуксе Берлин – 37:34 (20:16) и 13-ти пат во клупската историја стнаа европски шампиони. Од друга страна, Берлин втора година по ред дожива пораз во финалниот меч. Најдобриот ракометар во светот, Матијас Гидсел, се уште нема титула во најсилното клупско натпреварување.
Барселона во целост го контролираше натпревар, стекна предност од два гола во раната фаза, а на полувреме разликата беше четири гола во корист на Каталонците. Клуч за предноста на Барселона беше извонредната одбрана врз Гидсел, кој во првиот дел постигна само еден гол.
Клучната предност, Барселона ја направи на стартот од второто полувреме, кога во 34-та минута стекна предност од шест гола. Берлин се обиде, се доближи на негатива од два гола, но не успеа да направи пресврт, благодрение на грешките и брилијантниот голман Нилсен.
Дуелот на голманите беше исто така интересен, Нилсен имаше 17, а Милосављев 13 одбрани, но Данецот на голот на Барселона бранеше во клучните моменти, кога Берлин опасно се закани.
Стрелците кај Барселона ги предводеше Луис Фраде со седум, Алеиш Гомез со шест, Блаж Јанц и Домен Макуц со по пет, Дика Мем со четири гола. Кај Берлин, Матијас Гидсел постигна осум гола, Ласе Андерсон и Тим Фрајхофер по седум, Нилс Лихтелајн шест гола.
Foto/ EPA
