Top Sport

Сити мора да плати оштета за Енцо Мареска

Италијанскиот стручњак Енцо Мареска наскоро треба официјално да биде претставен како нов тренер на Манчестер Сити, по неколку месеци неизвесност.

Кога Пеп Гвардиола објави дека ги напушта „Граѓаните“, беше јасно дека неговиот поранешен помошник е првата мета.

Иако со месеци не е тренер на Челзи, „сините“ сè уште бараат отштета за него.

Мареска наводно водел разговори со претставници на Сити во декември или јануари, што во Лондон го сметале за прекршување на договорот, што подоцна резултирало со разделба на двете страни.

Поради оваа причина, Сити сега е должен да плати отштета, односно треба да издвои дури 20 милиони евра за својот нов тренер.

Мареска ќе потпише договор до летото 2029 година, а се очекува наскоро да започне со работа на „Етихад“.

Првата задача ќе биде потписот на Елиот Андерсон од Нотингем Форест.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');