Top Sport

Салах се повреди пред нокаут фазата

Египетската репрезентација се соочи со нов проблем пред почетокот на нокаут фазата на Светското првенство, бидејќи капитенот Мохамед Салах се повреди на натпреварот против Иран (1:1) во последното коло од групната фаза.

Најдобриот фудбалер на Египет мораше да го напушти теренот во 57-та минута поради проблем со тетивата, а дополнителните лекарски прегледи потврдија дека станува збор за истегнување.

Како што објави Фудбалската асоцијација на Египет, Салах веќе го започна процесот на закрепнување. Засега не е познато дали искусниот напаѓач ќе биде подготвен за осминафиналниот натпревар против Австралија, кој е закажан за 3 јули во 20:00 часот во Арлингтон.

Египќаните имаат и причина за загриженост поради кадровските проблеми во одбраната.

Ахмед Фатух сигурно нема да биде во тимот за следниот натпревар поради повреда, додека постои оптимизам дека Мохамед Абделмонем ќе може да се опорави од повредата на глуждот.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');