Фудбалскиот клуб Наполи ја одбиле понудата од Барселона, вредна 70 милиони евра, за централниот дефанзивец Калиду Кулибали, пишува „Газета дело спорт“.
Сенегалскиот репрезентативец е оценет како некој што може да ги реши проблемите на Барселона во последната линија. Челниците на Наполи сметаат дека Кулибали вреди многу повеќе пари.
„Газета дело спорт“, пишува, дека Барселона нема да се откаже од Сенегалецот и дека наскоро на „Сан Паоло“ ќе пристигне нова понуда.
Прашање е само дали претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, воопшто има намера да го продаде својот играч.
Доколку Наполи влезе во преговори, тогаш на маки ќе бидат неговите колеги од Барселона, бидејќи Де Лаурентис е „тежок човек“ и секогаш знаел да ја извлече сумата што тој ја сака.
Во неговиот мандат Наполи заработи многу пари од трансферите на Квани, Лавеци, Жоргињо, Игуаин…
Кулибали е еден од најбараните централни дефанзивци во Европа. Во летниот преоден рок за неговите услуги беа заинтересирани Челси и Манчестер јунајтед.