Top Sport

Далиќ повеќе не е селектор на Хрватска

Златко Далиќ повеќе не е селектор на хрватската репрезентација. По елиминацијата на Хрватска од Светското првенство, тој одлучи да ја напушти клупата на репрезентацијата, која ја водеше од 2017 година. Хрватска го заврши настапот во Америка во 1/16 финалето со пораз од Португалија со 2:1.

Тоа беше првото Светско првенство каде Далиќ ја предводеше Хрватска без да се врати со медал. По среброто во Русија 2018 и бронзата во Катар 2022, поразот од Португалија го означи крајот на најуспешна ера во историјата на хрватската репрезентација.

ХНС го потврди збогувањето: „Скромно пристигнување. Незаборавно патување. Гордо збогување. По речиси девет години, тренерот Златко Далиќ реши да ја заврши својата неверојатно успешна ера на чело на „Огнените“.

Селекторе, ви благодарам за сè – за победите, успесите, пласманите, медалите, заедништвото, почитта и решителната борба за Хрватска на теренот и надвор од него. Резултатите зборуваат за тоа каков тренер сте, а почитта на играчите, колегите и противниците за тоа каква личност сте.“

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');