Славен Билиќ наскоро треба да стане нов селектор на хрватската фудбалска репрезентација.
Според „Спортске новости“, Билиќ ќе го наследи Златко Далиќ на клупата на „Коцкестите“, а треба да ја води репрезентацијата барем до Европското првенство во 2028 година.
Билиќ не е непознато име кога станува збор за хрватската репрезентација.
Тој седеше на клупата на репрезентацијата од 2006 до 2012 година, а својот најголем успех го постигна на Европското првенство во 2008 година, кога ја водеше Хрватска до четвртфиналето.
Особено се паметат двете победи над Англија во квалификациите за тоа првенство, како и воведувањето на генерација играчи кои подоцна, под водство на Далиќ, освоија сребрен медал на Светското првенство во Русија во 2018 година.
Како фудбалер, Билиќ играше за Хајдук, Карлсруе, Вест Хем и Евертон, додека за хрватската репрезентација одигра 44 натпревари и постигна три гола.
Тој беше член на генерацијата што го освои бронзениот медал на Светското првенство во Франција во 1998 година.
По напуштањето на националниот тим, тој изгради богата клупска тренерска кариера.
Работеше во Локомотив Москва, Бешикташ, Вест Хем, Вест Бромвич Албион, Ал Итихад, Пекинг Гуан, Вотфорд и Ал Фатех.
