Top Sport

Нојер направил хаос во германската репрезентација

Враќањето на Мануел Нојер во репрезентацијата на Германија за Светското првенство предизвика значителни внатрешни превирања во тимот.

Според извештаите на локалните медиуми, Нојер влијаел и врз составот на голманите за Светското првенство.

Наводно, тренерот на голманите Андреас Кроненберг размислувал да поднесе оставка поради него.

За потсетување, селекторот Јулијан Нагелсман го врати Нојер во репрезентацијата две недели пред почетокот на Светското првенство, што значеше дека Оливер Бауман, бројот еден за време на квалификациите, остана без местото во стартниот состав.

Кроненберг, кој работи во националниот тим од 2021 година, бил лут од одлуката на Нагелсман, но сепак во интерес на тимот решил да остане.

Нојер, исто така, инсистирал Јонас Урбиг од Баерн да биде со репрезентацијата како трет голман наместо Александар Нибел.

Тука бил постигнат компромис, Урбиг патуваше со тимот, додека Нибел го задржа своето трето голманско место.

Односот меѓу Нојер и Нибел е затегнат од 2020 година, кога вториот дојде во Баерн, но мораше да оди на позајмица бидејќи неговото добиваше малку шанси да брани.

Германија беше елиминирана во 1/16 финалето на Светското првенство од Парагвај по изведувањето пенали.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');