Top Sport

Евролига: Фенер се намачи со Баерн, „Армејците“ тешко со Олимпијакос (видео)

Европскиот вице-шампион, Фенербахче стигна до тешка победа над Баерн Минхен од 89:84, во меч во кој германскиот шампион пружи одличен отпор во Истанбул.

Баерн успеа да дојде до водство во третата четвртина, пред клубот на Жељко Обрадовиќ да се врати со сигурен финиш за четврта победа во петтото коло во Евролигата. Луиџи Датоме имаше 19 поени и беше најзаслужен за победата на турскиот клуб, а 16 додаде Весели. Кај Баерн Букерс имаше 15, а Лучиќ 13 поени.

И во Москва беше интересно, откако ЦСКА Москва со тесни 69:65 го победија Олимпијакос за да го задржат совршениот скор на стартот на овогодишното натпреварување. Грчкиот клуб имаше водство по првото полувреме, пред „Армејците“ да се вратат во третата четвртина, која ја добија со 21:9. Родригез имаше 20 поени за ЦСКА, додека Спанулис со 16 беше најефикасен за клубот од Пиреја.

Вакви проблеми немаа шпанските клубови – Басконија со 82:56 ја „растури“ Дарушафака, додека Барселона со славеше над Макаби Тел Авив.

ЕВРОЛИГА, 5.КОЛО

ЦСКА Москва – Олимпијакос 69:65 (13:15, 18:20, 21:9, 17:21)

Басконија – Дарушафака 82:56 (16:16, 22:14, 26:11, 18:15)

Фенербахче – Баерн 88:84 (28:26, 23:22, 14:17, 23:19)

Барселона – Макаби Тел Авив 74:58 (18:12, 16:21, 25:7, 15:18)

Фото: ЕПА

Scroll to Top