Поразот на Аргентина во финалето на Светското првенство тешко го погоди Николас Отаменди, кој веднаш по завршувањето на натпреварот влезе во вербален конфликт со капитенот на Шпанија Родри, незадоволен од изјавите дадени од Ајмерик Лапорт пред финалето.
Кога Родри се приближи да ги поздрави противниците по последниот свиреж на судијата, искусниот аргентински стопер имаше што да му каже.
„Треба помалку да зборуваш, глупав еден. Цела недела кукаш. Ти и Лапорт, двајцата. Цело време плачеш на прес-конференцијата поради судиите, пријателе“, му рече Отаменди на поранешниот соиграч од Манчестер Сити.
Родри, видливо изненаден, праша што точно мисли, по што Аргентинецот продолжи: „Лапорт… Не слушна што зборуваше цела недела?“
🚨🚨🚨🚨🚨دازن إسبانيا تنشر ما قاله أوتاميندي لرودري بعد نهاية المباراة:
ابدأ بالحديث بشكل أقل يا رجل فقد قضيتما الأسبوع بأكمله تبكيان. طوال الأسبوع وأنتما تبكيان.
أنت ولابورت. كلاكما.
هذا أمر لا يُفعل.
قضيتما الوقت تبكيان وتشتكيان من الحكام يا صديقي.
لكن كان يجدر بك ألا تتحدث… pic.twitter.com/bWY9efhdOH— ZidaneModric10 (@said_modric10) July 20, 2026
Причината за гневот на Отаменди беше прес-конференцијата неколку дена пред финалето, кога Ајмерик Лапорт зборуваше за начинот на игра на Аргентина.
Шпанскиот дефанзивец истакна дека агресивноста на неговите ривали не го загрижува сè додека судиите доследно ги применуваат правилата, но додаде дека за време на турнирот забележал ситуации што го изненадиле.
„Не ми пречи цврста игра сè додека е во границите на фудбалот и додека судијата си ја врши работата. Сепак, во претходните натпревари видовме потези што нè изненадија, особено кога станува збор за Аргентина. Тоа е тим кој често им остава „пораки“ на ривалите преку остри стартови и мислам дека вакви работи не треба да се толерираат на толку големи натпреварувања, бидејќи можат да го исфрлат противникот од ритам“, рече Лапорт.
Тој додаде дека одговорност на судиите е да спречат играта да излезе од контрола.
„Ако дозволите еден или двајца играчи да се однесуваат така, натпреварот многу брзо може да стане хаотичен. Игравме фер во текот на целиот турнир и не сме тим што намерно ги удира противниците или прави бесмислени фаули. Верувам дека треба да продолжиме вака, но многу ќе зависи и од критериумите за судење.“
Foto/ EPA
