Top Sport

Ферстапен  пред Големата награда на Унгарија: Болидот ми е ужасен

На Големата награда на Унгарија, Макс Ферстапен ќе стартува од четвртата позиција, иако имаше шесто време – поради казните за Хамилтон и Антонели напредуваше за две места.

Ферстапен продолжува со разочарувачка сезона: моментално е седми во генералниот пласман, без победа и без пол-позиција. Фрустрацијата околу болидот и новите правила се гледа и низ неговите изјави полни со иронија.

Во квалификациите на Хунгароринг, токму во клучниот брз круг, Ферстапен направи вртење. Тоа беше уште една прилика јавно да порача дека ништо не му се допаѓа во актуелниот пакет на Ред Бул.

„Викендот е тежок, но кога наместо гумите да бидат ужасни, болидот е ужасен – тогаш имаш голем проблем. Болидот станува сè полош, круг по круг. Колку повеќе возев, толку потешко беше да се контролира. Мораме да го средиме ова, инаку е невозможно да се вози“, изјави Ферстапен по квалификациите.

Тој додаде дека низ целата сезона има различни проблеми и дека е сè потешко да се контролираат. „Обично за време на викендот пријaнгувањето се подобрува. Но кај мене е обратно – станува сè потешко да управувам. Автомобилот е неконтролисан во одредени свиоци, особено на влезот… како да не сака веќе да држи патека“, рече очајниот Ферстапен.

Четирикратниот светски шампион дури најави дека би можел да се повлече на крајот од сезоната доколку ситуацијата не се подобри.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');