Top Sport

Лоши вести за Борнмут и за Барселона: Се повреди Жуниор Крупи

Ели Жуниор Крупи е опериран и ќе отсуствува од три до четири месеци. Операцијата им ги расипа плановите на Борнмут и Барселона.

Суперталентираниот напаѓач на „Црешите“ го повреди стапалото за време на тренингот во Австрија, по што веднаш се врати на Островот за да се процени неговата состојба.

Одлуката за хируршка интервенција беше донесена брзо, вчера Крупи беше опериран. Првите проценки на медицинскиот тим велат дека 20-годишникот ќе се врати на теренот во ноември или декември.

Момчето кое пристигна во Премиер лигата, во летото 2025 година за само 13.000.000 евра од Лориен направи вистински „бум“ со 13 гола во својата дебитантска сезона.

Крупи веќе го привлече вниманието на Барселона и Арсенал, а Борнмут ја постави цената на високи 130.000.000 евра. Каталонците беа заинтересирани… но сега е очигледно дека уште една профитабилна продажба на клубот од Дорсет нема да се случи, барем не оваа сезона.

Французинот ќе биде заменет во шпицот на нападот со новодојдениот Алваро Родригез, кој пристигна од Елче за 25.000.000 евра. Тимот од „Виталити“ ќе ја започне сезоната на 23 август, кога ќе гостува кај Манчестер Сити.

Црвено-црните постигнаа огромен успех минатата сезона и го обезбедија своето место во Лигата на Европа со освојувањето на шестото место во Премиер лигата, што ќе биде нивно прво европско учество во нивната 127-годишна историја.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');