Популарниот веб-сајт „Фудбал ликс“, кој објавува „скриени“ документи во светот на фудбалот, тврди дека УЕФА помогнала Пари Сен-Жермен и Манчестер сити да прикријат големи прекршувања на финансискиот фер-плеј (ФФП) со „наместени“ суми за спонзорските договори.
Во документите од Европската истражувачка соработка (ЕИЦ) има шокантни обвинувања.
„УЕФА направи тајни договори со Манчестер сити и Пари Сен-Жермен, дозволувајќи клубовите да мамат во ФФП правилата со стотина милиони евра. Шефовите на УЕФА, вклучувајќи го поранешниот генерален секретар, а сегашен претседател на ФИФА, Џани Инфантино, лично се заложиле за договор со клубовите, додека УЕФА продолжува со агресивните истраги за клубовите од земји како Турција и Романија“, се вели во документот на „Фудбал ликс“.
Оваа сезона, италијанскиот гигант Милан беше исклучен од европските натпреварувања (Лига Европа) поради прекршување на ФФП, пред да ја добие жалбата пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС), но следната година ги чека нови проверки.
Новите откритија на „Фудбал ликс“ се најголеми досега – во нив има 70 милионо документи (околу 3.4 терабајти фајлови). Во последните осум месеци, 80-тина новинари работеа на откривањето на тајните договори во фудбалската индустрија.
„Манчестер сити и ПСЖ се посебни случаи. Манчестер сити се од 2010 сопственост на шеикот Мансур бин Зајед Ал Нахјан, братот на владетелот на Абу Даби, Мохамед бин Зајед Ал Најхан. ПСЖ е во сопственост на ’Катар спортс инвестментс’, кој е поддржуван од емирот на Катар, Шеик Тамим бин Хамад Ал Тани. Двата клуба трошат неверојатни суми. Катарската туристичка агенција го помогна ПСЖ со сума од 700 милиони до 1.125 милијарди во последните пет години“, се додава во документите.
Покрај ова, во написите кои се објавија во германскиот „Дер Шпигел“ се тврди дека коалицијата на 11 најбогати фудбалски клубови планира да организира Супер лига, вртејќи им грб на УЕФА и на националните федерации.
So here is the first of the new #FootballLeaks stories from @EICnetwork : a suggestion that 11 European clubs have been negotiating to form a Super League. 5 Premier League clubs included. pic.twitter.com/Hq5hQLT71s
— Dan Chapman (@DanFullContact) November 2, 2018
And the leaks don’t stop there. Der Spiegel is planning multiple videos and articles with 15 other news outlets. One story even has positive doping tests on a MULTIPLE champions league winner. This is about to be INSANE.https://t.co/ibI6dOnsqu
— EiF (@EiFSoccer) November 2, 2018
A coalition that includes FC Bayern Munich spent months working on plans to create a private league of elite teams behind the backs of associations and other teams. #footballleaks #dirtydeals https://t.co/cXf1wXgqMP
— SPIEGEL ONLINE English (@SPIEGEL_English) November 2, 2018