Top Sport

Кути Ромеро го засили Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид се засили со репрезентативецот на Аргентина, Кристијан „Кути“ Ромеро. Светскиот првак со Аргентина во 2022 година потпиша договор со „јорганџиите“, до летото 2031 година.

Тимот на аргентинскиот стручњак Диего Симеоне сега брои четворица од редовите на „албиселесте“ – тука се неговиот син Џулијано Симеоне, резервниот голман Хуан Мусо и Хулијан Алварез, кој остана во Атлетико и покрај тоа што изрази желба да замине во Барселона.

Ромеро е во европскиот фудбал од 2018 година, кога се пресели од Белграно во Џенова, за која играше две сезони. Иако потпиша за Јувентус, никогаш не играше во црно-белиот дрес, па по сезоната во Аталанта, се пресели во Тотенхем.

Аргентинецот остана во северниот дел на Лондон пет сезони, и одигра трицифрен број натпревари за Спарс. Во сезоната пред да ја напушти Англија, Тотенхем едвај успеа да опстане во Премиер лигата.

Атлетико на Тотенхем ќе му плати фиксни 33 милиони евра, а клубот од Лондон може да заработи дополнителни седум милион доколку се реализираат одредени бонуси.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');