Top Sport

(Видео) Ислам Махачев е владетел на УФЦ

Ислам Махачев е новиот шампион во велтер категорија на УФЦ, а го сруши и рекордот на легендарниот Андерсон Силва за број на последователни победи.

Во главната борба на настанот УФЦ 330 во Филаделфија, Махачев го победи Ијан Мачадо Гари со едногласна одлука: 49-46, 49-46, 48-47.

Рускиот борец го наметна својот ритам од самиот почеток, а во втората рунда, го испрати на подот. Гари подоцна успеа да се врати во борбата, но во последната рунда Махачев го зададе клучниот удар.

Со тоа, практично ја обезбеди победата, а подоцна победи со едногласна одлука на судиите.

Триумфот има и историско значење, бидејќи Махачев ја постигна својата 17-та последователна победа во УФЦ и со тоа го надмина рекордот на Андерсон Силва.

Последниот пораз Махачев го доживеа воо далечната 2015 година.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');