Цените на билетите за натпреварите на Филаделфија, достигнаа рекордно ниво пред почетокот на НБА сезоната 2026/27, а нивниот прв натпревар против Њујорк Никс би можел да стане најскапиот прв натпревар во историјата на лигата.
Њујорк ќе биде домаќин на Филаделфија во „Медисон Сквер Гарден“ на 20 октомври, кога бранителот на титулата ќе го подигне шампионското знаме.
Најевтините билети достапни за овој натпревар на секундарниот пазар се движат помеѓу 1.881 и 1.923 долари.
Според порталот „Спортс бизнис џурнал“, ова би можело да го направи овој натпревар најскапиот натпревар на отворањето на НБА сезоната во историјата.
Главната причина за толку голем интерес е доаѓањето на Леброн Џејмс во Филаделфија, што ги стави Сиксерс во центарот на вниманието на кошаркарската јавност пред почетокот на првенството.
Исто така, постои постои огромна побарувачка за домашните натпревари. За првиот домашен натпревар на Филаделфија против Кливленд Кавалирс (22 октомври), најевтините билети во препродажба чинат околу 500 долари. За споредба, најприфатливите билети за првиот натпревар на Сиксерс од претходната сезона чинеа околу 100 долари.
Според моменталните податоци, Филаделфија учествува во девет од 10-те најскапи НБА натпревари во претстојната сезона, додека минатата година немаа ниту еден натпревар меѓу десетте најскапи на пазарот.
Foto/ Depositphotos
