Top Sport

Армани Милано со тројка во последната секунда до победа над Ефес! (видео)

Во Милано се одигра најинтересниот и најдраматичниот меч од петтото коло во Евролигата, откако Армани Милано дозволија да се „стопи“ предноста од 14 поени, за во последната секунда да стигнат до 81:80 победа над Анадолу Ефес.

Домаќините доминираа во првите три четвртини од играта, пред турскиот клуб да се врати и да дојде до водство во последните минути во играта. Мајк Џејмс со неверојатна тројка во последната секунда од мечот успеа да извлече победа за италијанскиот клуб. Џејмс беше најефикасен за домаќините со 15 поени, Мицов додаде 14, додека за Ефес, Адријен Мерман имаше 23 поени.

Во Подгорица пак, Будуќност имаше шанси да ја запише првата победа во настапите од Евролигата, но на крајот немаше сили за подвиг против Панатинаикос, кој славеше со 72:67. Дешон Томас имаше 14 поени, а Јоанис Папапетру 13 за гостите, додека за Будуќност најдобар беше Ален Омиќ со 16 поени и 10 скока.

Првата победа во натпреварувањето ја обезбеди руски Химки, со 87:72 над Гран Канарија, откако Алексеј Швед повторно имаше топ-партија со 24 поени и 7 асистенции.

Шампионот Реал Мадрид остана „совршен“, откако во Каунас со 90:79 го победи Жалгирис, иако домашниот клуб имаше предност и од +11 во втората четвртина од натпреварот. Ентони Рендолф имаше 16 поени, а Руди Фернандез 15.

ЕВРОЛИГА, 5.КОЛО

Химки – Гран Канарија 87:72 (25:21, 24:12, 28:20, 10:19)

Будуќност – Панатинаикос 67:72 (15:18, 16:13, 16:19, 20:22)

Жалгирис Каунас – Реал Мадрид 79:90 (32:18, 12:25, 24:19, 11:28)

Милано – Анадолу Ефес 81:80 (24:17, 19:18, 25:19, 13:26)

Фото: ЕПА

Scroll to Top