Top Sport

Вечерва во Монако е ждрепката за главната фаза на ЛШ

Вечерва во Монако ќе се одржи ждрепката за главната фаза во Лигата на шампионите. 29 директно пласирани екипи и седум од плејофот ги чекаат своите ривали (18.00 часот).

Пари Сен Жермен ја брани највредната и најпрестижната клупска континентална титула втора сезона по ред, меѓу претендентите за круната на француските „Светци“ се најбројните клубови од англиската Премиер лига и шпанската Ла Лига (по пет), заедно со четири дебитантски екипи: Комо (Италија), ЛАСК (Австрија), Викинг (Норвешка) и Сабах (Азербејџан).

36 екипи се поделени во четири групи, од каде што чекаат по два ривали од секоја од нив, а најдоцна до сабота ќе дознаат со кого и кога ќе играат четири натпревари дома и четири на гости.

Прв шешир: Баерн Минхен, Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Ливерпул, Интер Милан, Манчестер Сити, Арсенал, Барселона, Атлетико Мадрид;

Втор шешир: Борусија Дортмунд, Рома, Спортинг Лисабон, Астон Вила, Порто, Манчестер Јунајтед, Клуб Бриж, Бетис, ПСВ Ајндховен.

Трет шешир: Феенорд, Лил, Боде/Глимт, Наполи, РБ Лапјциг, Виљареал, Фенербахче, Шахтјор, Галатасарај.

Четврти шешир: Славија Прага, Слован Братислава, Штутгарт, АЕК, ЛАСК, Комо, Ланс, Сабах, Викинг.

Она што е веќе познато се премиите за секое од рундите на ЛШ: влез во Лигата на шампионите, 18.600.000 евра, секоја победа носи 2.100.000, нерешен резултат 700.000, пласман во плеј-ин, 1.000.000, осминафинале, 11.000.000, четвртфинале, 12.500.000, полуфинале, 15.000.000, финале, 18.500.000, титула 6.500.000 евра.

Системот на натпреварувањето е однапред одреден – осумте најдобри екипи директно се пласираат во осминафиналето, екипите што ќе завршат од деветтото до 24-то место ќе играат во нокаут фазата од плеј-инот, а победниците ќе се пласираат во Топ 16.

Од осминафиналето се игра систем на елиминации. Тимовите што ќе завршат на 25-то место или пониско ќе бидат автоматски елиминирани, без пристап до другите две натпреварувања на УЕФА, Лигата на Европа и Конференциската лига.

Распоред на натпреварите во Лигата на шампиони на УЕФА 2026/27.

Почеток на лигашката фаза (1. коло): 8–10 септември 2026 година

Крај на лигашката фаза (8. коло): 27 јануари 2027 година

Нокаут фаза (плејоф за осминафиналето): 16/17 февруари и 23/24 февруари 2027 година

Осминафинале: 9/10 март и 16/17 март 2027 година

Четвртфинале: 6/7 април и 13/14 април 2027 година

Полуфинале: 27/28 април и 4/5 мај 2027 година

Финале: Мадрид, стадион „Метрополитано“, 5 јуни 2027 година.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');