Ливерпул и Нотингем Форест одиграа 2:2 на „Енфилд“, во второто коло од Премиер лигата. Ливерпул, и вториот натпревар од новата го заврши со нерешен резултат, откако исто така одигра 2:2 против Њукасл во првиот натпревар.
Форест поведе во 24-та минута со голот на Дан Ндоје. Ливерпул се обидуваше да израмни до крајот на првото полувреме, а Флоријан Вирц успеа да ја затресе мрежата, но голот беше поништен поради офсајд.
Ливерпул одигра лошо прво полувреме,за разлика од противникот, кој имаше уште два добри шанси за гол, преку Ндоје и Игор Жесус, чии удар од одбраната на Алисон заврши во гредата.
Домашниот тим израмни во 60-та минута. Коди Гакпо добро се снајде на деснатаа страна, а Александар Исак ја заврши акцијата и постигна гол за 1:1.
Форест повторно поведе само неколку минути подоцна. Алисон го собори Неко Вилијамс во шеснаесетникот, судијата покажа на белата точка, а Морган Гибс-Вајт го реализираше пеналот во 68-та минута за 1:2.
По вториот примен гол, Ливерпул целосно ги притисна гостите и стигна до израмнување во 82-та минута. Виктор Муњоз, кој за прв пат започна натпревар во Премиер лигата за Ливерпул, го постигна својот прв гол за клубот со брилијантен удар за конечни 2:2.
Двата тима имаа можности на крајот, но резултатот не се промени. Ливерпул има два бода по првите две кола, додека Форест го освои првиот бод во сезоната откако загуби од Лидс во првото коло.
Андони Ираола не победи ниту во својот втор натпревар во лигата на клупата на Ливерпул.
Foto/ EPA
