Top Sport

Вардар поразен во Мелсунген

Ракометарите на Вардар со пораз ја отворија сезоната во Лигата на шампионите. Мелсунген, вечерва, го победи Вардар со 33:31 (16:15). Вчера во оваа група Нант забележа победа над Висла 26:25.

Вардар успеа да му пружи отпор на актуелниот освојувач на Европската лига, но тоа не беше доволно да се избегне поразот.

Две серии во раната фаза од првото и второто полувреме беа клучни за конечниот исход. По водството на Вардар 3:4, следуваше период од шест минути во кој црвено-црните не постигнаа гол, а Мелсунген направи серија 4:0. Факт е и дека Вардар имаше само двајца расположени играчи, Вукашин Воркапиќ и Мохамед Саид Абделхак постигнаа две третини од головите.

До крајот на полувремето домашниот тим одржуваше предност од еден до два гола. Во вториот дел пресудна беше серијата 4:1, кога Мелсунген ја достигна максималната разлика во натпреварот (24:19).

Најефикасни во тимот на Вардар беа Вукашин Воркапиќ со 11 и Мохамед Саид Абделхак со гол помалку.

Во второт коло, Вардар ќе го пречека Нант. Натпреварот се игра на 16 септември.

Foto/ facebook.com/rkvardar

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');