Македонската репрезентација ја очекува вториот натпревар во Лигата на нации, против Словенија на стадионот „Стожице“ во Љубљана. По поразот од Швајцарија во Скопје (0:3), селекторот Гоце Седлоски најави промени во составот и реакција од своите фудбалери.
„Добро го анализиравме натпреварот со Швајцарија и знаеме каде треба да ги поправиме грешките. Играчите се подготвени и очекувам од сите максимален ангажман. Словенија е квалитетна репрезентација, настапуваше на последното Европско првенство и заслужува максимален респект. Ќе има освежување во составот, во повеќе линии“, изјави Седлоски.
Селекторот посочи дека верува во играчите со кои располага и дека атмосферата во репрезентативниот табор е на високо ниво.
„Имаме одличен ростер, комбинација од млади и искусни фудбалери. Атмосферата е добра и сите сме мотивирани да одиграме подобро. Јас сум одговорен за изборот на играчите, но од нив очекувам да покажат поголем квалитет и карактер на теренот. Словенија не смее да биде потценета и мора да бидеме максимално подготвени.“
Инаку Гоце Седлоски се уште нема победа со Македонија, алармантно е што во досегашниот негов мандат, националниот тим не постигна ниту еден гол во пет натшревари.
Натпреварот Словенија – Македонија се игра вечерва од 20:45 часот на „Стожице“ во Љубљана.
Izvor i Foto/ ffm.mk
