Top Sport

Карвахал се договорил со Хетафе

Дани Карвахал, еден од најтрофејните играчи во историјата на Реал Мадрид е блиску до враќањето на фудбалските терени. Искусниот десен бек е без клуб од завршувањето на минатата сезона, кога му истече договорот со Реал.

Како што објавија мадридските медиуми, Карвахал постигнал договор со Хетафе, откако тренерот Хозе Бордалас го повика да го засили неговиот тим.

Карвахал е слободен на пазарот, што значи дека може да потпише за кој било клуб во кое било време, а Хетафе е дефинитивно најдобрата опција во моментов.

Најважно за него е што ќе остане да живее во Мадрид, ќе игра во Ла Лига, но и во Конференциската лига.

Карвахал има 34 години и без сомнение Хетафе е убедливо најдобрата опција за него во овој момент.

Интересно е што Хетафе гостува кај Барселона за викендот. Хетафе моментално е 11-ти со осум бода во Ла Лига.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');