Top Sport

Белингем го продолжи договорот со Реал

Џуд Белингам уште долго ќе го носи дресот на Реал Мадрид. Англискиот фудбалер и мадридскиот гигант постигнаа договор за продолжување на соработката до 30 јуни 2031 година, што потврдува дека клубот смета на еден од своите најважни играчи во годините што доаѓаат, објавува „AС“.

Белингам пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во летото 2023 година од Борусија Дортмунд, а договорот потпишан тогаш беше важечки до крајот на сезоната 2028/29.

Со новиот договор, соработката беше продолжена за дополнителни две години, додека англискиот репрезентативец ќе добие и подобрени финансиски услови.

Откако пристигна во Мадрид, Белингам покажа дека има квалитет да биде многу повеќе од врвен фудбалер.

Со своите игри, карактер и влијание врз соиграчите, тој се етаблираше како еден од потенцијалните лидери на новата генерација на Реал Мадрид.

Преговорите за продолжување на договорот започнаа кон крајот на минатата сезона, а според информациите од Шпанија, договорот е постигнат без поголеми тешкотии.

Белингам се повеќе се идентификува со клубот и животот во Мадрид, додека навивачите високо го ценат неговиот став кон дресот, посветеноста на теренот и способноста да го мотивира целиот тим со својот пример.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');