Фудбалерите на Тотенхем, во седмоот коло, ја забележаа првата победа во Премиер лигата.
Спарс го победија Ковентри во последниот натпревар од колото, дома во Лондон со 3:1.
Екипата на Де Зерби стигна до триумфот по прекрасните голови на Медисон и Мармушс, како и на Дејвис во судиското надополнување на времето.
Медисон покажа каков шут има во 14-та минута, сепак, по еден карамбол во 49-та, Рудони успеа да израмни.
Човек на одлука беше Мармуш во 58-та минута, кога го совлада Рашворт од работ на шеснаесетникот.
Точка на натпреварот стави Дејвис во шестата минута од судиското продолжение. Со оваа победа, Тотенхем се извлече од дното и сега има шест бода, исто како и Ковентри.
Во сабота, Спарс ќе имаат градско дерби со Челзи на „Стемфорд Бриџ“, додека тимот на Лампард ќе го пречека Фулам.
Foto/ EPA
