Top Sport

Луис Енрике: Јас сум член на Барса, играв за блауграна, но сега сум тренер на ПСЖ

Во вторник, Пари Сен Жермен ќе ја пречека Барселона во третото коло од Лигата на шампионите. Натпреварот ќе биде емотивен за Луис Енрике, кој беше двапати шампион на Европа со Каталонците и еднаш шампион на Шпанија.

„Јас сум член, бев играч и тренер на Барселона шест години. Имам одличен однос со Каталонија, мојата сопруга и децата се Каталонци. Барса ми е многу блиска, но јас сум тренер на ПСЖ. Ги гледам сите натпревари на Барса како навивач, а не како тренер и играв против нив секоја година, што не ми се допаѓаше на почетокот и тоа ми беше голем товар. Сега сум навикнат и сакам да пристапам кон натпреварот со целосна посветеност“, рече Луис Енрике.

Тој имаше само пофалби за Барселона предводена од Ханси Флик.

„Уникатен тим, не постои такво нешто. Тие играат слично како што играме ние, имаат висококвалитетни играчи со спортски дух, со јасни вредности што ги сакам. Тимот што е најсличен на мојот Париз денес. Затоа сакам да победам бидејќи сум натпреварувач и сум уште помотивиран кога играм против клуб кој ми е толку важен и каде што се чувствував важен“, рече шпанскиот стручњак.

Луис Енрике се обиде до одреден степен да ги намали очекувањата пред овој натпревар.

„Ова не е финале, но ние сме меѓу фаворитите. Фактот дека Барса е непоразена ни дава дополнителна мотивација да бидеме првиот тим што ќе ги победи оваа сезона. Ова е силен натпревар, но се само три бода. Има и други фаворити, Баерн, Арсенал, Сити, Реал…“

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');