Хари Кејн беше стрелец во дербито на Лигата на шампионите помеѓу Баерн и Арсенал и ја продолжи својата серија голови, серија која го номинира за Златната топка.
Најдобриот стрелец на англиската репрезентација на сите времиња во сезоната зад нас ја освои Златната копачка и со одличните индивидуални изданија, заедно со успесите на Баерн, се номинираше себеси за еден од најголемите фаворити за Златната топка. Дури е и главен фаворит според повеќето обложувалници.
Неговиот репрезентативен соиграч и ѕвезда на Арсенал, Деклан Рајс, се согласува со оваа констатација.
„За мене, Хари е јасен победник на Златната топка. Бројките зборуваат сами за себе. Напаѓач кој прави таков пас за нивниот прв гол, потоа како го изведува пеналот… Лудо е. Нереално е колку е добар играч“, рече Рајс.
Легендата на Ливерпул и Англија, Стивен Џерард, отиде уште подалеку во своите пофалби.
„Сметам дека, Хари Кејн е најдобриот англиски фудбалер на сите времиња.“
Убави зборови, но дали ќе се преточат во трофејот што Англичаните го чекаат од 2001 година и Мајкл Овен.
Foto/ Depositphotos
