Top Sport

Алегри казнет на два натпревари, го пропушта дербито против „својот“ Јувентус

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, е суспендиран поради црвениот картон против Рома, што ќе го остави надвор од игра за следните два лигашки натпревари на тимот, вклучувајќи го и дербито во Серија А против Јувентус.

Хаотичниот крај на натпреварот помеѓу Наполи и Рома (3:3) во 8. коло од Серија А го доби својот епилог. Тренерот на домашниот тим, Масимилијано Алегри, е суспендиран на два натпревари, објави Дисциплинската комисија на лигата.

Алегри целосно ги изгуби нервите на самиот крај од натпреварот откако Леонардо Балерди постигна гол во 89. минута за 3:3.

Италијанскиот стручњак доби директен црвен картон поради бурни протести, по што следеше неговиот препознатлив настап – го соблече палтото и истрча надвор од теренот.

Неколку моменти подоцна, Алегри се врати на клупата, а членовите на неговиот тренерски штаб мораа го спречат за да не предизвика уште поголем инцидент.

Дисциплинската комисија му изрече суспензија од два натпревари, што е дополнителен проблем за „Наполитанците“.

Алегри нема да може да го предводи тимот во следната рунда против Монца, но она што е позначајно е нема да го предводи Наполи на гостувањето кај неговиот поранешен клуб Јувентус на 1 ноември.

Враќањето во Торино и судирот против тимот со кој освои бројни титули требаше да биде централниот настан на рундата, но Алегри ќе мора да го гледа спектаклот на стадионот „Алијанц“ од трибините или од ложата, наместо од клупата.

По осум одиграни натпревари, Наполи е на десеттото место на табелата во Серија А со 11 бода.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');