Арсен Венгер е блиску до нов клуб, откако преговара со Милан за да го замени Џенаро Гатузо на клупата, јавува „Франс фудбал“.
Ветеранот е без работа откако си замина од Арсенал по 22 години на чело на „топчиите“, по што беше поврзуван со повеќе клубови – од Пари Сен-Жермен, Фенербахче, Реал Мадрид и Баерн Минхен, до позицијата селектор на кинеската репрезентација.
Според „Франс фудбал“, Венгер веќе неколку недели преговара со Милан, и блиску е до договор, откако новата управа на клубот не е задоволен од учинокот на Џенаро Гатузо по нецела сезона со клубот.
Иако не би имал улога на традиционален англиски „менаџер“, тој би бил и одговорен за трансферите во Милан заедно со Леонардо.
Сопствениците на „Елиот менаџмент“, новите газди на Милан, Пол и Гордон Сингер се познати фанови на Арсенал и го почитуваат искусниот Французин. Останува да се види колку од оваа вест ќе се оствари.
Фото: ЕПА