Аргентина, загуби од Ургвај, во првиот натпревар што го одигра по пензинирањето на Лионел Меси. Уругвај во Буенос Аирес, на „Бомбоњера“ победи со 2:1.
Иако Аргентина имаше многу повеќе шанси, удари кон голот и посед на топка од дури 72%, Уругвај славеше победа.
Во отсуство на Лионел Меси, местото на стартерот очекувано го зазеде Нико Паз, заедно со Тијаго Алмада и Хулијан Алварез.
По првите 45 минути немаше голови, а потоа Уругвај брзо постигна два. Прво, во 48-та минута, Балерди си постигна автогол, а во 53-та, Макси Араухо го дуплираше водството на Уругвај.
Во 73-та минута, Алварез ја искористи асистенцијата на Престијани, но до крајот немаше промена на резултатот.
За време на паузата, Аргентина ќе одигра уште еден пријателски натпревар против Костарика, додека Уругвај ја пречекува Доминиканската Република.
Foto/ EPA
