Top Sport

(Видео) Рекорд на Јокиќ и Мареј каков што досега немало во НБА

Никола Јокиќ и Џамај Мареј го предводеа Денвер до победа над Пеликанс, во Њу Орлеанс (116:108).

Јокиќ беше исклучителен. Тој забележа 26 поени, осум скока и 10 асистенции, заедно со три украдени топки. Канаѓанецот додаде 23 поени, седум скока и девет асистенции.

Српскиот центар и канадскиот плејмејкер станаа првите соиграчи во историјата на НБА што си поделиле повеќе од 1.000 асистенции откако оваа статистичка категорија беше официјално евидентирана, почнувајќи од сезоната 1997/98.

Според официјалните податоци, Јокиќ му асистирал на Мареј 1.001 пат, додека Канаѓанецот му асистирал на српскиот ас во 1.086 наврати.

Импресивната бројка уште еднаш потврдува колку е важна нивната соработка за играта на Денвер, но и колку долго трае континуитетот на еден од најуспешните тандеми во модерната кошарка.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');