Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB) би можел целосно да се откаже од промената на правилото за офсајд предложено од легендарниот менаџер на Арсенал и сегашен шеф на ФИФА за глобален развој на фудбалот, Французинот Арсен Венгер.
Оваа вест ја објави британскиот „Тајмс“ (The Times).
Според сознанијата на овој весник, повеќемесечниот експеримент со таканаречениот „офсајд на Венгер“, според кој напаѓачот не е во недозволена позиција сè додека барем еден дел од неговото тело со кој може да постигне гол е во линија со последниот одбранбен играч, не ги донесе посакуваните резултати.

Тестовите беа спроведени во канадската Премиер лига почнувајќи од април 2026 година, а анализите покажаа дека новото правило на теренот, предизвикува контраефект.
Бројот на офсајди се намали за 54 проценти.
Тоа се должи на повлекување на одбраната, наместо да играат поотворен и напаѓачки фудбал, тренерите реагираа со спуштање на одбранбените линии во просек од еден до три метри поблиску до нивниот гол, што дополнително ја затвори играта.
Ниту ефикасноста не се подобри со новото правило во канадската Премиер лига. Во текот на целиот експеримент беа постигнати само 13 гола, кои според важечките правила би биле поништени поради офсајд.
Според „Тајмс“, дури ни самиот Арсен Венгер не е убеден во успехот на резултатите од овој експеримент. Иако конечната одлука сè уште не е официјално донесена, се очекува претставниците на IFAB да гласаат против усвојувањето на ова правило на претстојниот состанок.
Foto/ Depositphotos
