Top Sport

Апенините ќе „горат“, Барса кај Интер, ПСЖ му гостува на Наполи

Натпреварите од четвртото коло во Лигата на шампионите ќе се одиграат вечерва и утре. Вечерашната програма ноду неколку интересни дуели, спектакли во најава се натпреварите што ќе се одиграат во Белград, Милано, Неапол и Мадрид.

Актуелниот вице-првак Ливерпул ќе гостува на „Рајко Митиќ“ во Белград. Црвена ѕвезда е далеку од реномето и квалитетот што го поседуваат најголемите европски клубови, меѓутоа домаќините срамежливо најавуваат дека со помош од трибините, која сигурно ќе биде голема, би можеле да припредат изненадување. Изнандување во овој случај е реми, еввентуална победа на „црвено-белите“, во која малку кој верува ќе биде вистинска сензација.

Во оваа Ц-група, внимание привелекува и пресметката во Неапол, на „Сан Паоло“. Скапиот катарски проект наречен ПСЖ е пред императив на победа, против инспирираниот и квалитетниот тим на Наполи. Во претходната рунда, ПСЖ во 91.минута минијатурата на Ди Марија го сласи од пораз. На Томас Тухел, играчите и на сите во ПСЖ им е јасно дека пораз во Неапол ќе ги направи минимални шансите за европска пролет и напад на европската круна.

Спектакл се очекува на „Џузепе Меаца“ во Милано, каде на Интер ќе му гостува Барселона. Пред две недели, без Лионел Меси, Барселона рутински се справи со Интер. Тој пораз е единствениот што Интер го претрпел на последните девет натпревари. Меси отпатува со тимот во Милано, но на сите им е јасно дека тој ќе седи на клупата и дека тренерот Валверде ќе го користи само доколку резултатот биде неповолен за неговиот тим.

Атлетико Мадрид ја чека Борусија Дортмунд со надеж дека на „милионерите“ ќе може да им се реваншира за убедливот пораз во првиот меч. Атлетико во Дортмунд загуби со 4:0, што претставува најтежок пораз на Чоло Симеоне во 391.натпревар како тренер на „јорганџиите“. Предизвик за домаќините ќе преставува и фактот шт одбраната на Борусија се уште не капитулирала во Лигата на шампионите.

Група А:

18.55 Монако-Клуб Бриж
21.00 Атлетико Мадрид-Борусија Дортмунд

Табела: Дортмунд 9, Атлетико 6, Бриж 1, Монако 1

Група Б:

21.00 Тотенхем-ПСВ Ајндховен
21.00 Интер-Барселона

Табела: Барселона 9, Интер 6, Тотенхем 1, ПСВ 1

Група Ц:

18:55 Црвена ѕвезда-Ливерпул
21.00 Наполи-ПСЖ

Табела: Ливерпул 6, Наполи 5, ПСЖ 4, Црвена звезда 1

Група Д:

21.00 Шалке-Галатасарај
21.00 Порто-Локомотив Москва
Табела: Порто 7, Шалке 5, Галатасарај 4, Локомотив Москва 0

Scroll to Top