Столе Димитриевски со Валенсија, славеше победа во Мадрид, против својот поранешен клуб Рајо Ваљекано, во 13-то коло од шпанската Ла Лига со 1:0.
„Лилјаците“, по овој триумф успеаја да се поместат над зоната за испаѓање, па сега со 12 бода се наоѓаат на 17-то место на табелата. Рајо има ист број бодови, но е 14.
Овој натпревар не донесе многу возбудувања, а единствениот гол беше постигнат во 41-та минута од натпреварот.
Гера центаршутираше од корнер, а Копете го следеше овој центаршут и со глава ја смести топката крај десната статива за 0:1.
Рајо продолжи да биде малку поагресивен, но двата тима имаа само по една сериозна да го загрозат противничкиот гол, но ниту една од нив не беше искористена.
Во 79-та минута, Лопез шутираше од работ на шеснаесетникот, но гредата беше сојузникот на Димитриевски.
Foto/ Depositphotos
