Екс-фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Агим Ибраими е ново можно засилување за шампионот во ПМФЛ, тетовска Шкендија, информира, порталот на албански јазик „Инфоспорт“.
Ибраими моментно ги брани боите на Домжале, а поголем дел од интернационалната кариера ја помина во Марибор, тим со кој настапуваше во Лигата на шампионите.
Фудбалерот во Шкендија настапуваше во 2005 и 2006 година, а во својата кариера има играно и за Астана, Каљари, Нафта и Олимпија.