Top Sport

Песна на „Делиите“, под пенџерето на Павков (Видео)

„Еј, Павков, скокни дај гол со глава!“, ечело во улицата во која живее новиот херој на навивачите на Црвена ѕвезда, Милан Павков. Високиот напаѓач во вторникот ги постигна двата гола, во сензационалната победа на Црвена ѕвезда над Ливерпул (2:0), во Лигата на шампионите.

Навивачите на Црвена ѕвезда, популарно наречени „Делии“, ретко пејат песни кои им се посветени на одредени фудбалери, меѓутоа Павков со брилијантната изведба во првото полувреме против Ливерпул ги освои нивните срца.

Навивачите повеќе од еден час по завршувањето на натпреварот со Ливерпул му пееја пред северната трибината на стадионот „Рајко Митиќ“.

Тоа, очигледно не им било доволно, па истото го повториле пред неговиот дом. „Делиите“, пееле под пенџерето на Павков.

https://twitter.com/ciiciimiicii/status/1060449878852149249

Scroll to Top