Top Sport

Тандер без Вестбрук го уништија Хјустон, Бостон се спаси од пораз кај Феникс (Видео)

Кошаркарите на Оклахома Тандер ја забележаа седмата победа во низа, втора откако се повреди Расел Вестбрук. Тандер стартуваа со четири порази, но поради импресивната серија веќе стигнаа до шестата позиција во Западната конференција, во НБА лигата.

Изминатата ноќ Тандер убедливо славеа во дуелот со Хјустон Рокитс 98:80. Пол Џорџ (20 поени, 11 скока, шест асистенции, шест украдени топки) предводеше група од четворица кошаркари на Оклахома кои постигнаа двоцифрен број на поени.

Подобри од останатите кај Хјустон беа Џејмс Харден (19 поени, осум скока, пет асистенции) и Клин Капела (17 поени, седум скока).

Хјустон со скор од четири победи и шест порази се наоѓаат на 12.место на Западот.

Бостон Селтикс во драматичен натпревар, по едно продолжение славеа во Феникс 116:109. Селтикс успеаја да победат во Аризона иако во еден момент имаа негатива од 22 поени. Прдолжение за Бостон избори поранешниот играч на Феникс, Маркус Морис, кој постигна тројка на 1,1 секунда до крајот на мечот. Морис натпреварот го заврши 17 поени.

Кајри Ирвинг во продолжението постигна шест од своите 39 поени. Ирвинг особено доминираше в последната четвртина во која постигна 18 поени. Кај Феникс блескав натпревар одиграа Девин Букер (38 поени, девет асистенции) и Ти Џеј Ворен (29 поени).

Одлична кошарка на почетокот од сезоната играат и Портланд Блејзерс. Екипата од Орегон има девет победи и три порази и се наоѓа на третото место на Западот. Изминатата ноќ Блејзерс ги совладаа ЛА Клиперс 116:105. Демијан Лилард постигна 25, а Си-Џеј Мекалум два поени помалку. Босанецот Јусуф Нуркиќ беше на скок од дабл-дабл (16 поени, девет скока).

Данило Галинари и Лу Вилијамс со по 20 поени беа најефикасни кај Клиперс, во чии редови бледи партии пружија српските репрезентативци Бобан Марјановиќ (четири поени, четири скока, две блокади за 12 минути игра) и Милош Теодосиќ (без поен за четири минути минати на теренот).

Scroll to Top