Хабиб Хабибу, поранешниот фудбалер на Лидс јунајтед и Рен, постигна еден од најчудните голови во историјата на фудбалот, предводејќи ги Макаби Петах Тиква до 1:0 победа над Макаби Нетанија.
31-годишниот фудбалер од Централноафриканската Република, стоеше над повредениот соиграч во шестнаесетникот, но неговиот тим не ја прекина играта, и кога топката беше нафрлена кај него, Хабибу го остави соиграчот на тревата и постигна гол!
Секако, противниците беа бесни, но Макаби Петах Тиква стигна до првата победа од септември!
כדורגל ישראלי ? pic.twitter.com/L7rww6xR8i
— Yagon Tugati (@Yagon_Tugati) November 10, 2018