Top Sport

Усик го здроби Белју, кој по мечот не се сеќаваше на половина меч (видео)

Украинецот Олександер Усик ги покажа своите квалитети, откако го нокаутираше Британецот Тони Белју во осмата рунда во „Манчестер арената“ во меч во крузер категорија, најавувајќи „лов“ на титулите во тешка категорија.

31-годишниот Усик со оваа победа стави крај на кариерата на 35-годишниот Белју, кој се надеваше дека ќе стане првиот Британец со четири светски титули во крузер категорија (ВБЦ, ВБА, ИБФ и ВБО), кои остануваат кај Усик кој за следната година најави влез во тешката категорија и меч со уште еден Британец, Ентони Џошуа за неговите појаси.

Усик (16-0, 12 КО) ја презеде контролата на мечот откако Белју (30-1-3, 20 КО) ги доби првите неколку рунди, пред да го комплетира мечот со спектакуларен нокаут.

„Ова беше најтешката година во мојот живот и сега сакам малку време со моето семејство и ќе размислиме што понатаму. Имам цел пред мене и одам кон неа“, изјави Усик.

Белју пак, ги загрижи своите фанови откако во интервјуто по мечот призна дека не се сеќава на половина борба, а неколку пати ги повторуваше одговорите.

Scroll to Top