Top Sport

Бонучи ќе биде „поштеден“ против Милан, Игуаин ќе стартува?

Пред големото италијанско дерби на „Сан Сиро“ помеѓу Милан и Јувентус, двајца фудбалери се подготвуваат за меч против својот поранешен клуб, но шпекулациите на „чизмата“ велат дека само еден од нив ќе стартува.

Италијанските медиуми јавуваат дека Масимилијано Алегри ќе го „поштеди“ Леонардо Бонучи и ќе го остави на клупата за мечот во кој сигурно ќе добие многу свирежи од навивачите на Милан, чиј капитен беше една сезона, додека Гонзало Игуаин и покрај проблемите со повредата на грбот ќе стартува против Јуве со мотив за „одмазда“.

Милан има големи проблеми со повредите – Лукас Биља, Матео Музакио и Матија Калдара ќе паузираат подолго време, додека неизвесни се Хакан Чалханоглу, Френк Кеси и Патрик Кутроне. Доколку Кутроне не може да стартува, Саму Кастилехо ќе му прави „друштво“ на Игуаин во нападот.

На тренингот пред мечот, пак, Алегри тестираше постава без Бонучи во стартните 11, најавувајќи дека тој може нема да игра. Бонучи играше една сезона за Милан, кои дури му ја дадоа капитенската лента, пред да се врати во Јуве како дел од трансферот кој го донесе Игуаин на „Сан Сиро“.

Дербито стартува во 20.30 часот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top