Top Sport

Роналдо и Меси не се во „трка“ за „Златната топка“?

Иако заедно ги освоија последните 10 награди „Златна топка“, Кристијано Роналдо и Лионел Меси во моментов се надвор од топ 3 во гласањето за престижната награда на „Франс фудбал“, тврди францускиот новинар Ерик Мамрут, кој вели дека ги има документите за гласањето.

Последен пат Роналдо или Меси не беа со златната награда во раце во 2007 година кога Бразилецот Кака ја доби почеста, но сега во топ 3 се други имиња – Лука Модриќ, Рафаел Варан и Килијан Мбапе.

Кај англиските букмејкери фаворит е 33-годишниот Хрват Модриќ откако ја доби наградата за најдобар фудбалер на ФИФА и би било шок тој да не биде барем меѓу најдобрите тројца. Варан и Мбапе ги покажаа своите квалитети на СП во Русија каде што со Франција ја освоија титулата, така што можеби ќе биде прикладно фудбалер од шампионите да биде на првото место.

Гласањето го прави група на интернационални новинари (најмногу еден по земја), а победникот ќе биде прогласен на 3 декември во Париз.

Scroll to Top