Гонзало Игуаин го обележа синоќешното дерби во Милано, во кое Милан загуби од Јувентус 0:2.
Аргентинецот, во летниот преоден рок од Јувентус се пресели во Милан, најпрвин во 41.минута не успеа да реализира пенал, а во 83.минута доби директен црвен картон.
„Мислам дека одлуката не е фер. Сметам дека во тој дуел прекршокот беше направен врз мене, јас не фаулирав. Казнет сум, а не навредив никого. Сакам да им се извинам на клубот, навивачите, тренерите и соиграчите. Вакви епизоди треба да избегнуваме. Сепак сите ние сме луѓе, покажуваме емоции. Натпреварот не одеше во добра насока за нас, ова беше еден од оние денови“, рекол Игуаин.
По поразот од Јувентус, Милан четвртата позиција има ја препушти на конкурентите од Лацио. Во наредното коло Милан ќе гостува кај Лацио, а Игуаин ќе го пропушти тој натпревар.