Top Sport

Забивање за победа на Леброн, Харден броеше до 40 (Видео)

Леброн Џејмс го реши победникот на дуелот помеѓу ЛА Лекерс и Атланта Хоукс (107:106). Џејмс, во неколку секунди од трагичар прерасна во херој на „езерџиите“, кои ја забележаа седмата победа во сезоната, четврта на последните пет натпревари.

Против Хоукс, Леброн промаши две слободни фрлања на 19,9 секунди до крајот на мечот, при резултат 105:106. Сепак по скокот во нападот Кузма не погоди, а откако топката среќно стигна до Леброн, тој ја заби во кошот за 107:106. Во последниот напад Трае Јанг не успеа од соло пробив да погоди за победа на Атланта.

Џејмс мечот го заврши со 26 поени, седум скока и четири асистенции.

Портланд Блејзерс, во дербито, по голема борба славеа против Бостон Селтикс 100:94. Дуелот во кој Портланд доминираше, но му дозволи на Бостон со серијата 3:16 да се врати во мечот, во последната четвртина, беше решен во последните минути.

Блескаше центарот од Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ со 18 поени и 17 скока, а двоен ефект (19 поени и 12 асистенции) имаше Демијан Лилард. Бостон го предводеа Џејсон Тејтум со 27 и Кајри Ирвинг со 21 поен.

Хјустон, без Кармело Ентони, кој наскоро би можел да го напушти клубот, успеа да слави против Индијана 115:103. Џејмс Харден полека ја фаќа вистинската форма, тој мечот го заврши со 40 поени, седум скока, девет асистенции, но и девет изгубени топки. Во чекор Харден го следеа Крис Пол (26 поени, пет скока, пет асистенции) и Клинт Капела (18 поени, седум скока).

Индијана го забележа третиот пораз на последните четири натпревари. Најдобари кај Пејсерс беа хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ (20 поени, шест скока, три асистенции и Виктор Оладипо (22 поени, 10 скока, седум асистенции).

Орландо во Њујорк ги декласира Никс со 115:87. Гостите од Флорида ги демолираа противниците во првиот дел (65:40).

Црногорскиот репрезентативец Никола Вучевиќ за 26 минути на теренот имаше учинок од 21 поен и 14 скока. Интересно стартната петорка на Њујорк постигна само 20 поени. Најефикасни кај Никс беа Кевин Кокс со 17 поени, односно Енес Кантер со 16 поени и 15 скока. Хрватот Марио Хезоња уфрли 12 поени.

Одличен меч одиграа Денвер Нагетс и Милвоки Бакс. Милвоки победија 121:114 бидејќи одиграа подобр во последните неколку напади.

Денвер ги изненади центарот Брук Лопез со 28 поени, тој постигна осум тројки од 13 обиди. Јанис Адетокумбо забележа 22 поени, осум скока и девет асистенции. Никола Јокиќ за Денвер забележа 20 поени и по шест скока и асистенции.

Scroll to Top