Top Sport

Меси ја доби наградата „Пичичи“ и изјави: Ла лига е најконкурентната на светот

Барселона беше домаќин на фудбалските награди на спортскиот весник „Марка“, кој му ја додели на Лионел Меси наградата „Пичичи“ за најдобар стрелец со 34 гола за 2017/18, по што Аргентинецот изјави дека Ла лига е најконкурентна досега. Меси ја доби наградата од директорот на „Марка“, Хуан Игнасио Галјардо.

„Одлично е што нашата лига е најконкурентната на светот, ништо не е лесно, сите можат да победат секого и се надевам дека ќе продолжи така. Секогаш сум повеќе заинтересиран за важноста на головите, отколку за тоа како изгледаат“, изјави Меси.

Трофејот „Ди Стефано“ за најдобар фудбалер во Ла лига минатата сезона, исто така отиде кај Меси и тој доби уметничко дело од францускиот артист Мишел Реван.

Трета година едноподруго, Јан Облак од Атлетико Мадрид ја доби наградата „Замора“ откако прими само 22 гола во 37 меча, додека „Зара“ наградата за најдобар шпански голгетер отиде кај Јаго Аспас, кој постигна 22 гола за Селта Виго.

Тренерот на Валенсија, Марселино е добитник на „Мигуел Муњоз“ трофејот за најдобар тренер во лигата, откако ги предводеше „Лос че“ до место во Лигата на шампионите.

Scroll to Top