Top Sport

Марка: Солари останува на клупата на Реал до крајот на сезоната

Во Реал Мадрид се одлучија да не прават избрзани потези и го именуваа Сантијаго Солари како постојан тренер до крајот на сезоната, јавува влијателната „Марка“, весник со добри врски со „кралскиот клуб.

Аргентинецот прво доби дозвола од Ла лига да биде поставен како привремен тренер, но во Шпанија правилата велат дека тоа може да се направи само на две недели, и сега откако тој победи четирипати во четири меча, добива шанса да се докаже до крајот на сезоната.

Првично „ЕСПН“ јави дека веднаш по победата над Селта Виго во неделата навечер, клубот го пратил новиот договор на Солари до Шпанската фудбалска федерација, вест која „Марка“ ја потврдува.

Солари ги предводеше Реал до победи против Мелилја, Реал Валјадолид, Викторија Плзен и Селта, што претставува најдобар старт за тренер на Мадрид по 116 години.

Фото: ЕПА

Scroll to Top