Сузана Диниџ е именувана за извршен директор на Премиер лигата, заменувајќи го Ричард Скадамор, со што стана првата жена на чело на најбогатата фудбалска лига на светот.
Диниџ доаѓа од „Дискавери“, каде што беше претседател на каналот „Анимал планет“ откако претходно работеше како претседател на британската мрежа на „Дискавери“. Скадамор, пак, ја предводеше лигата од 1999 година и беше еден од највлијателните луѓе во модерниот фудбал.
„Подготвена сум за оваа фантастична улога. Премиер лигата значи многу на луѓето како врв на професионалниот спорт. Ова е голема привилегија и одговорност за мене“, изјави Диниџ.
Брус Бак, претседателот на Челси и на комитетот за номинации во Премиер лигата е презадоволен од поставувањето на Диниџ.
„Пресреќни сме што имаме толку способен лидер на оваа важна позиција. Имаше многу силни кандидати, но Сузана се покажа со својата историја на менаџирање на комплесни бизнис-ситуации и трансформации. Таа е докажан извршен директор и голем мотиватор“, изјави Бак.
The Premier League announces today that it has appointed Susanna Dinnage to the role of Chief Executive
More: https://t.co/YyWlgnU7pk pic.twitter.com/KpxB7iF6DV
— Premier League (@premierleague) November 13, 2018