Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) му одреди 21 ден суспензија на судијата Дејвид Мекнамара, откако тој користеше „лист-камен-ножички“ да одлучи кој тим ќе го стартува мечот.
Мекнамара на 26 октомври на меч од женската Суперлига помеѓу Манчестер сити и Ридинг, откако сфатил дека ја заборавил паричката во соблекувалната, побарал од капитенките Стеф Хјутон и Кирсти Пирс да се натпреваруваат во „лист-камен-ножички“ да го одредат стартот.
Англиската федерација очигледно се налути на овој потег, велејќи дека се работи за нешто што „не е во вистинскиот интерес за фудбалот“ и Мекнамара е суспендиран до 17 декември.
„Се работи за момент на лудило. Тој требаше да биде подготвен и да има паричка. Разочарувачки и многу непрофесионално“, вели Џоана Симпсон, одговорната за судиите во женската лига.