Велшанецот Арон Рамзи има нов клуб. Неговиот потпис, по завршувањето на оваа сезона ќе го добие германскиот великан Баерн.
Рамзи ги прекинал преговорите со Арсенал, пред неколку месеци, откако клубот не сакал да ги исполни неговите финансиски барања. Велшанецот барал поголема плата, услов на кој не се согласиле клупските челници.
Ремзи по една деценија ќе замине од Арсенал, а неколку луѓе тргнаа по неговиот потпис. Англиските медиуми, повикувајќи се на извори од Баерн, објавија дека Велшанецот ги договорил личните услови и по завршувањето на сезоната ќе потпише повеќе годишен договор со Баварците.