Роџер Федерер со убедливи 6:4/6:3 го победи јужноафриканскиот ривал Кевин Андерсон за пласман во полуфиналето на АТП финалето во Лондон, каде што ќе му се приклучи токму Андерсон, кој ги доби претходните два меча.
Швајцарецот го започна турнирот со шокантен пораз од Кеи Нишикори, меѓутоа откако Доминик Тим го „нокаутираше“ Нишикори во попладневниот меч, на Федерер му беа потребни само шест освоени гема за пласман. Наместо тоа, Федерер во 16-тиот настап на завршниот годишен турнир по 15 пат се пласираше во полуфиналето со победа и со освоено прво место во групите (по 14. пат).
Ова исто така беше слатка одмазда за Федерер, откако Андерсон го елиминираше во четврт-финалето на Вимблдон оваа година во својата најдобра сезона во кариерата.
Првото место исто така најверојатно значи избегнување на Новак Ѓоковиќ во полуфиналето, бидејќи светскиот број 1 е прв во другата група со две победи, иако шанси за прво место имаат и Марин Чилиќ и Александер Зверев, ако Ѓоковиќ случајно загуби од Џон Изнер.
.@rogerfederer d. #Anderson 64 63 to win Group Lleyton Hewitt at #NittoATPFinals and advances to SFs for 15th time in 16 appearances. Anderson finishes 2nd in group and 1st South African to reach SFs in #ATPFinals history (since 1970).
— ATP Media Info (@ATPMediaInfo) November 15, 2018